240/1996-0-0

240/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 18 декември 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на постапката за трансформација на АД ЗИК “Овче Поле” д.о.о. Трговија на големо и мало и кооперација – Штип.

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Методи Стоименов од Штип, му поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на постапката за трансформација на АД ЗИК “Овче Поле” д.о.о. Трговија на големо и мало и кооперација – Штип, наведувајќи дека постапката за трансформација на ова претпријатие била спроведена со бројни неправилности и незаконитости, со што биле оштетени поголем број од вработените во Претпријатието.

3. Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Со оглед на тоа што Уставниот суд, согласно цитираната уставна одредба, не е надлежен да одлучува за уставноста и законитоста на постапката за трансформација на претпријатијата, Судот, согласно член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.240/96)

Leave a Reply