87/1996-0-0

87/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, и член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 24 април 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.282/95 од 6 март 1996 година со кое Судот ја отфрли иницијативата за оценување уставноста и законитоста на точките 25, 162 став 2, 187 став 3, 193 став 1 (втора реченица), 198 став 2, 200 став 1, 282 став 2, 314, 417, 479 и 480 од Правилото за служба во Армијата на Република Македонија, донесено од Претседателот на Република Македонија на 9 март 1995 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Стамен Филипов од Скопје му поднесе иницијатива за преиспитување на решението означено во точката 1 од ова решение, затоа што со него се определувало дека Правилото за служба во Армијата на Република Македонија не претставува пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија, а тоа не било засновано на одредбите од Уставот и Деловникот на Судот.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот на седницата оцени дека нема основи за поинакво одлучување, поради што согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.
Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов (У.бр.87/96).

Leave a Reply