23/1996-0-0

23/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 март 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на членовите 11, 16 став 3 и 203-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.55/95).
2. На Уставниот суд на Република Македониија, Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија за градежни материјали и проектирање на Република Македонија, му поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување уставноста на оспорените одредби од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со членот 11 од Законот се ограничувало правото на здравствена заштита гарантирано со член 39 од Уставот, кое произлегувало од темелните вредности на уставниот поредок на Републиката меѓу кои се хуманизмот, социјалната правда и солидарноста. Правото на гарантирана здравствена заштита, работниците – осигуреници не можеле да го остварат поради неможноста да го исполнат условот утврден во членот 11 поради објективна околност непримање плата неколку месеци. Согласно Законот, работникот – осигуреник се товарел да докажува дека неговиот работодавец го платил придонесот за здравствена заштита, па дури потоа можел да користи здравствена услуга која паѓала на товар на средствата на фондот за з дравствено осигурување. Меѓутоа, според Законот, правата од основната здравствена заштита можело да ги користи лице кое имало својство на осигуреник што се утврдувало врз основа на пријава на работодавецот до фондот во рок од 8 дена од денот на засновањето на работниот однос. Од тој момент лицето имало право на задолжително осигурување. Членот 16 став 3 од Законот бил
неприменлив поради тоа што: Законот за здравствена заштита не можел да утврдува најниска плата туку тоа било право на партнерите во колективното договарање; не било прецизирано со кој колективен договор (општ, грански или на ниво на работодавец) ќе се утврдувала најниската плата по работник; не било утврдено како да се пресметува просечниот коефициент на сложеност на трудот во услови кога немало пропишано основица за пресметување и кој коефициент ке се зема-дали според работното место или според квалификацијата. Во врска со членот 203-а од Законот се наведува дека правата на вработените и нивната положба се уредувале со Законот за работните односи и со колективен договор, така што Законот за здравствена заштита во членот 203-а не можел да утврди, до утврдувањето на најниска плата според колективен договор, своја најниска плата која ќе била основа за плаќање на придонесот за здравствено осигурување.
3. Судот на седницата утврди дека според членот 11, правата од задолжителното здравствено осигурување во рамките на обемот на правата утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на него, осигуреникот и членовите на неговото семејство ги остваруваат врз основа на здравствена легитимација и доказ дека придонесот за здравствено осигурување е платен што ги издава Фондот за здравствено осигурување.
Согласно член 16 став 3 основицата за пресметување на придонесот се утврдува најмалку во висина на најниската плата по работник утврдена со колективен договор помножена со просечниот коефициент на сложеност на трудот во организацијата и со бројот на работниците вработени во организацијата.
Според член 203-а до уредувањето на најниската плата според колективен договор, како најниска плата во смисла на овој закон, ќе се зема износот од 65% од просечната нето плата по работник во соодветната гранка остварена во претходниот месец.
4. Според член 34 од Уставот, граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор, а согласно член 35 став 1 од Уставот, Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.
Според член 39 од Уставот, на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита, а граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

Од изнесените уставни одредби произлегува дека гарантираното право на здравствена заштита на граѓаните, како едно од социјалните права на човекот и граѓанинот се остварува под услови, на начин и во постапка утврдени со закон и со колективен договор врз начелото на социјална праведност. Грижата за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните, во конкретниот случај правото на здравствена заштита, Републиката ја остварува со донесување на нормативни акти со кои ги утврдува изворите на средствата за остварување на ова право, и начинот на плаќањето со цел сите граѓани под еднакви услови да го остварат ова право и под еднакви услови да го сносат товарот на обезбедувањето на средствата.
Со Законот за здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/91, 46/93 и 55/95), се уредуваат правата од здравствена заштита на граѓаните, односите и правата од здравственото осигурување, постапката на користењето на здравствената заштита и системот на организацијата на здравствената заштита.
Согласно член 3 од овој закон, секој има право на заштита на здравјето, а заради остварување на одредени права во случај на болест или повреда и други права од здравствената заштита утврдени со овој закон врз начелата на заемност и солидарност, се установува задолжително здравствено осигурување.
Според член 35 од Зако нот, својство на осигуреник се утврдува врз основа на пријава за осигурување која се поднесува до Фондот за здравствено осигурување во рок од 8 дена од денот на засновањето на работниот однос, односно од денот на стекнувањето на својството врз основа на кое лицето подлежи на задолжително осигурување.
Согласно член 37 од Законот, правата од задолжителното здравствено осигурување во рамките на обемот на правата утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на него, осигуреникот и
членовите на него вото семејство ги остваруваат врз основа на здравствена легитимација и доказ дека придонесот за здравствено осигурување е платен. Здравствената легитимација и доказот ги издава Фондот за здравствено осигурување.
Врз основа на изнесеното произлегува дека секој граѓанин има право на здравствена заштита, а односите и правата од здравственото осигурување како и постапката за користењето на здравствената заштита се уредуваат со закон. Со оглед на тоа што Законот предвидел дека правата од задолжителното здравствено осигурување, осигуреникот и членовите на неговото семејство ги остваруваат врз основа на здравствена легитимација и доказ дека придонесот за здравствено осигурување е платен, Судот смета дека не може да се постави прашањето за согласноста на членот 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита со Уставот.
Што се однесува до оспорениот член 16 став 3 и во врска со него член 203-а од Законот, судот оцени дека не може да се постави прашањето за нивната согласност со Уставот од причина што е право на законодавецот да го утврди начинот на обезбедување средства за остварување на со закон загарантираните права и утврдените потреби и интереси на општеството и на правата од здравственото осигурување утврдени исто така со закон, како и да ја определи основицата за пресметување и плаќање на придонесот за здравствено осигурување.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседа телот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.23/96 и У.бр.46/96)

Leave a Reply