354/1995-0-0

354/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 март 1996 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија по поднесена иницијатива на Акционерското друштво “Елмар” од Штип, со Решение У.бр.354/95 од 21 февруари 1996 година, поведе постапка за оценување уставноста на оспорените членови од одлуките означени во точката 1 од оваа одлука и за законитоста на решенијата означени во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот и со закон.

4. Судот на седницата утврди дека по претходно спроведената постапка на 18 март 1993 година Собранието на општина Штип донело Одлука за измена и дополнување на основниот урбанистички план во град Штип.

Според член 1 од оваа одлука основниот урбанистички план се менува и дополнува со тоа што просторот меѓу обиколниот пат Струмица-Кочани, патот Штип-Кочани и патот за влез во “Балкан -Експрес” наменет за јавно зеленило се пренаменува во простор за терцијални дејности.

Според член 2 од Одлуката нејзин составен дел е графичкиот прилог, а во член 3 од Одлуката е предвидено таа да влезе во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Штип”.

Врз основа на оваа измена на Основниот урбанистички план на истата седница (18 март 1993 година) Собранието на општина Штип ја донело и Одлуката за донесување на детален урбанистички план за локалитетот “Триаголник” во Штип.

Според член 1 од оваа одлука се донесува детален урбанистички план за локалитетот “Триаголник” со 20 урбанистички парцели. Составен дел на Одлуката според член 2, е графичкиот прилог.

Согласно член 3 од Одлуката таа влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Штип”.

Во прилог на Одлуката е дадено техничко образложение за деталниот урбанистички план и одредби за реализација на планот.

Според техничкото образложение и одредбите за реализација на планот на спорниот локалитет “Триаголник” во Штип треба да се предвидат парцели за терцијални дејности односно локации за стоваришта, магацини, мали производни погони, автомеханичарски работнилници и др. За оваа намена се предвидени 20 парцели со различни површини од 800 до 3000 м2 со можност за припојување на соседни две или повеќе парцели. Објектите што треба да се градат на овој простор се со катност приземја со висина Н=3-9 м во зависност од дејноста.

Со оспореното решение за урбанистичка согласност се потврдува дека инвестиционо-техничката документација – проектот на инвеститорот ТП “Нико Петрол” од Штип за изградба на деловни објекти во локалитетот “Триаголник”, изготвен од страна на ППТГ “Техноинвест” Штип, со технички број 19 е изработен според условите за градба утврдени во решението за локација бр.0806-361/1 од 22 март 1995 година.

Во Решението за локација урбанистичките парцели бр.1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19 и 20 кои со оспорениот детален урабанистички план се предвидени како посебни урбанистички парцели се споени во една урбанистичка парцела и е предвидена изградба на деловни објекти.

Какви деловни објекти се изградени може да се утврди само од Решението за давање во употреба на објектот бр.19-1503//1 од 13 октомври 1995 година, од кое решение се гледа дека се изградени административна зграда, ресторан, магацин и портирница.

Од изнесената фактичка состојба произлегува дека со Деталниот урбанистички план е утврден бројот на урбанистичките парацели (20) со можност за припојување на две или повеќе соседни парцели. Понатаму, утврдена е површината на урбанистичките парцели од 800 до 3.000 м2, утврдена висината на објектите (приземје со висина Н=3-9 м во зависност од дејноста). Утврдена е намената на просторот односно предвидена е изградба на стоваришта, магацини, мали производни погони, автомеханичарски работилници и сл.

Со поединечните решенија, посебно со Решението за локација кое е претходна основа за донесување на одобрението за градба и Решението за урбанистичка согласност е извршено спојување на 19 парцели во една урбанистичка парцела и е предвидена изградба на деловни објекти и тоа еден магацин, една деловна зграда и еден ресторан и портирница.

Според тоа, со овие акти е отстапено од основниот и деталниот урбанистички план со тоа што се споени сите парцели во една и што не се изградени повеќе објекти за вршење на терцијални дејности, туку само еден објект, односно неколку објекти функционално поврзани како еден објект.

5. Според член 52 став 1 од Уставот на Република Македонија законите и другите прописи треба да се објават пред да влезат во сила.

Со оглед на тоа што во членовите 3 од означените одлуки е предвидено тие да влезат во сила со денот на донесувањето, а не по нивното објавување, Судот оцени дека тие не се во за согласност со означената уставна одредба.

Согласно член 13 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/85, 18/89 и 38/90) кој важеше во времето на донесувањето на оспорените акти како видови на урбанистички планови се предвидени основниот урбанистички план, деталниот урбанистички план, урбанистичкиот проект и урбанситичкиот план за помало место. Според член 19 од Законот основниот урбанистички план се донесува за подрачја на населено место како и за други урбани целини надвор од населените места, индустриски зони, станбени, рекреативни, туристички и бањски населби и сл. Деталниот урбанистички план се донесува за урбано подрачје или дел од подрачјето опфатено со основниот урбанистички план, на кое е предвидна реализација според етапи утврдени со носење на урбанистички план.

Според член 19 став 2 алинеја 3 од истиот закон деталниот урбанистички план содржи план за орентациони габарити на објектите, односно површините за изградба на објектите, градежни линии, нивелациони решенија, максимална висина на објектите, план на парцелација на новоизградените објекти, услови за спречување на архитектонските бариери и други услови за изградба на објектите.

Со член 31 од Законот беше предвидено нацртот на урбанистичкиот план задолжително да се става на јавна расправа, која се организира од органот на управата надлежен за работите на урбанизмот, така што планот се изложува во месната заеадница најмалку 15 дена, а потоа во рок од 15 дена се примаат забелешките на граѓаните и другите заинтересирани субјекти изразени во писмена форма. Во член 32 од Законот беше определено дека урбанистичкиот план, пред донесувањето, задолжително се доставува на согласност до републичкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот. Во член 34 став 2 од истиот закон беше пропишано дека собранието на општината ги донесува урбанистичките планови за подрачјето на општината, а според член 37 став 2 измените и дополнувањата на урбанистичките планови се вршат на ист начин и постапка како и при донесувањето на тие планови.

Од изнесените законски одредби произлегува дека сите видови урбанистички планови се донесуваат во иста постапка, а нивните измени и дополнувања се вршат во иста постапка во која и се донесуваат, а тоа значи по претходно организирана јавна расправа, дадена согласност од републичкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот и други соодветни согласности.

Според важечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/95) донесен на 17 јануари 1996 година, а влегол во сила осум дена по објавувањето во “Службен весник” се предвидени четири вида на урбанистички планови и тоа генерален урбанистички план (со претходниот закон основен урбанистички план), детален урбанистички план (и со претходниот закон исто беше предвиден детален урбанистички план), урбанистичка документација за населено место и урбанистички план за граничен премин и за локалитет на објектите од јавен интерес.

Според член 11 од овој закон детален урбанистички план се донесува за одделни делови на населените места и други подрачја за кои е донесен генерален урбанистички план. Деталниот урбанистички план содржи особено план за намена на просторот и објектите, план на градежни парцели и површини за изградба на објекти определени со регулациони и градежни линии, максимална висина на објектите и други поблиски услови за изградба.

Според член 17 став 3 од овој закон за нацртот на деталниот урбанистички план се спроведува јавна анкета (наместо јавна расправа како што беше предвидено со претходниот закон). Јавната анкета, според член 18 од Законот, се спроведува со излагање на планот на јавно место најмалку 15 дена во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено во планот доставуваат писмени забелешки на анкетни листови до организаторот на анкетата. За јавната анкета надлежното министерство изработува извештај со образложение за неприфатените забелешки, кој се доставува заедно со предлогот на планот на усвојување.

Според член 20 од овој закон измените и дополнувањата на плановите од член 7 на овој закон се вршат во иста постапка пропишана за нивно донесување, доколку со овој закон не е поинаку уредено.

Имајќи ја предвид изнесената фактичка состојба и законските одредби од поранешниот и сегашниот закон Судот оцени дека секоја измена на деталниот урбанистички план што се однесува на урбанистичките парцели, намената на објектите, катноста, регулационите и градежните линии, кои елементи би требало да ги содржи секој детален урбанистички план, претставува измена и дополнување на урбанистичкиот план, за чие донесување е неопходно спроведување на целокупната постапка како и за донесување на урбанистичките планови.

Во конкретниот случај оспорените одлуки се донесени во постапката предвидена со Законот кој важеше во моментот на нивното донесување, меѓутоа со оспорените поединечни акти кои иако по својата форма и содржина претставуваат управни акти, во суштина, се врши измена и дополнување на деталниот урбанистички план, поради што Судот оцени дека тие претставуваат прописи за измена и дополнување на урбанистичките планови.

Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека оспорените решенија не се во согласност со означените законски одредби од причини што тие имаат карактер на одлука за измена на урбанистички план, а се донесени од ненадлежен орган и без спроведување на постапката предвидена со Законот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.354/95)

Leave a Reply