15/1996-0-0

15/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 февруари 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.334/95, донесено од Уставниот суд на Република Македонија на 20 декември 1995 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Владо Илиевски од Битола му поднесе иницијатива да го преиспита решението означено во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата со Правилникот за утврдување на личните доходи на работниците во Министерството за внатрешни работи се утврдени помали права на работниците, јшто не било во согласност со Законот за работните односи и со Законот за органите на управата.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорениот правилник веќе еднаш го оценувал и утврдил дека тој не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што со решение У.бр.334/95 од 20 декември 1995 година ја отфрлил иницијативата.

Со оглед на тоа што по повод на новата иницијатива Судот не наоѓа причини за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.15/96)

Leave a Reply