283/1995-0-0

283/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 ноември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на статутите и другите акти за сопственичка трансформација на акционерските друштва “Алкалоид”, “Жито Лукс”, “Македонија-турист”, “Реплек Македонија”, ” Фершпед”,
“Комерцијална банка” и “ОХИС” сите од Скопје.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Слободан Ивановски и група граѓани од Скопје му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите озна чени во точката 1 од ова решение, кои што содржеле приближно исти одредби и тоа: а) акционер можел односно морал да ги продава акциите само на лица вработени во друштвото односно на акционери на друштвото; б) претходната обврска да трае додека не се изврше ла доприватизација на остатокот на општествениот капитал; в) доколку акционерот сакал да ги продава акциите тие морал претходно да ги понуди на самото друштво односно на вработените или на акционерите на друштвото; г) акционерот се обврзувал дивидендата да не ја зема или да се отка же од неа се додека не се извршела целосна приватизација и д) акционерот ги преотстапувал своите акции на менаџерскиот тим како гаранција за нивните неотплатени акции, а кои се обврзале да ги отплаќаат наредните 5 години. Овие одредби не биле во согласност со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и со член 8 став 2 и член 55 став 3 од Уставот.
3. Согласно член 110 став 1 алинеи 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите. Со оглед на тоа што оспорените акти на акционерските друштва не се прописи восмисла на членовите 51, 52 и 110 од Уставот и не се погодни за уставно судско одлучување Судот оцени дека не е надлежен да одлучува за нивната уставност и законитост и не се впушти во оценка на нивната суштина.
4. Врз основа на изнесеното, согласно член 28 став 1 алинеа 1 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.283/95)

Leave a Reply