255/1995-0-0

255/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на РепубликаМакедонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 25 октомври 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 29 став 2 точка 3 од Законот за здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/91) и уставноста и законитоста на член 12 од Одлуката за стапките и основиците за пресметување и плаќање на придонесите за здравствено осигурување во Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/91, 32/92 и 48/93).
2. На Уставниот суд на Република Македонија повеќе граѓани од Куманово му поднесоа иницијатива за оценување уставноста на оспорениот член од законот и уставноста и законитоста на оспорениот член од одлуката, означени во точка 1 од ова решение, затоа што со оспорените одредби од Законот и Одлуката се создавала нееднаквост меѓу членовите на едно семејство, затоа што само четири члена од семејството имале право на задолжителна здравствена заштита, а останатите членови на едно семејство тоа право морале да го користат под посебни услови, со што се вршела нивна дискриминација.Исто така, со оспорените одредби се создавала нееднаквост меѓу граѓаните кои имале во своето семејство повеќе од четири члена во однос на другите граѓани, затоа што осигурениците кои имале до четири члена во семејството плаќале ист придонес за здравствена заштита независно колку члена во семејството осигурувале, а граѓаните што имале повеќе од четири члена во семејството морале да плаќаат и дополнителни придонеси за секој натамошен член во семејството.
3. Судот на седницата утврди дека во член 12 од Законот за здравствена заштита се утврдени осигурениците-корисници на основната здравствена заштита, а во член 14 е определено дека правата од здравственото осигурување им се обезбедуваат и на членовите на семејството на осигуруениците од член 12, а како членови на семејството се утврдени брачниот другар и децата родени во брак или вон брак, пасиноците, посвоените деца и децата земени на издржување.
Во оспорениот член 29 став 2 точка 3 од Законот е предвидено дека со дополнително задолжително осигурување во Фондот за здравствено осигурување се обезбедува здравствена заштита и за осигурениците од член 12 кои освен себе осигуруваат повеќе од четири члена на семејството.
Во членовите 62 и 64 од Законот е предвидено средствата за основната здравствена заштита покрај другите да ги обезбедуваат и осигурениците при што вработените ги обезбедуваат од бруто личниот доход. Средствата за остварување на правото од дополнителното задолжително осигурување од член 29 став 2, односно осигуруениците кои освен себе осигуруваат повеќе од четири члена на семејството, ги обезбедуваат осигурениците со поридонес од бруто личниот доход односно од личните средства, а висината на придонесите, според член 71 од Законот, ја утврдува Собранието на Република Македонија по предлог на Владата.
Според тоа кај осигуруениците кои осигурувааат повеќе од четири члена, останатите членови не се исклучуваат од правото на користење здравствена заштита, туку осигуреникот само се задолжува, покрај придонесот за основната здравствена заштита да плаќа и придонес за дополнително задолжително осигурување.
Понатаму, Судот утврди дека со оспорената одлука се утврдуваат стапките и основиците за пресметување и плаќање на придонесите за здравствено осигурување во Македонија при што во член 1 е утврдено дека придонесот за задолжително осигурување на осигурените работници од член 12 од Законот изнесува 8,000% од остварениот бруто личен доход, а придонесот за дополнително задолжително осигурување за осигуруениците кои освен себе осигуруваат повеќе од четири члена во семејството, според оспорениот член 12 од одлуката изнесува 2,000% од просечниот личен доход остварен во стопанството на Републиката во последното тримесечје за секој нареден член на семејството над четвртиот.
4. Според член 9 од Уставот граѓаните на Република Македонија, се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Со член 39 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита и граѓанинот има право но и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.
Од изнесените уставни одредби произлегува дека сите граѓани имаат право на здравствена заштита и тоа под еднакви услови.
Според член 34 од Уставот, граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор, а согласно член 35 од Уставот Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.
Понатаму според член 41 став 2 од Уставот Републиката е обврзана, заради усогласен економски и социјален развој да води и хумана популациона поли тика, па во тие рамки и при утврдувањето на условите за остварување на правото на здравствена заштита да влијае на планирањето на семејството, односно на порамномерен популационен развој на населението.
Со оглед на тоа што со оспорените одредби од Законот и од Одлуката не се ограни чува правото на здравствена заштита на осигурениците кои покрај себе осигуруваат повеќе од четири члена во семејството, туку тие се задолжуваат само со плаќање на дополнителен придонес за остварување на ова право како резултат пред се на зголемениот ризик од болести и повреди кај семејствата со поголем број на членови -осигуреници како и од потребата за усогласен економски и социјален развој при водењето на популационата политика, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за нивната согласност со означените уставни одредби.
5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точка 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.255/95

Leave a Reply