281/1995-0-0

281/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 септември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Статутот на Акционерското друштво во приватна сопственост “Агросервис” Автокуќа – Скопје, бр.03-617 од 27 јули 1995 година, донесен од Собранието на Друштвото на 24 јули 1995 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Димитар Туџарски од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на Статутот означен во точката 1 од о ва решение, затоа што тој бил донесен од нелегитимно конституирано собрание (требало да се конституира според критериумот 700 акции за 1 глас како што било утврдено со актите кога Друштвото било во мешовита сопственост, а не 1000 акции за 1 глас како што било направено при конституирањето на Собранието на Друштвото во приватна сопственост) и како таков бил незаконит.
3. Судот на седницата утври дека Статутот на Акционерското друштво во приватна сопственост “Агросервис” Автокуќа – Скопје, не е пропис во смисла на одредбите на членовите 51, 52 и 110 од Уставот на Република Македонија и е непогоден за уставно-судско оценување, поради што оцени дека не е надлежен да одлучува за неговата согласност со Уставот и законите.
Во однос на наводите во иницијативата дека имало неправилности при конституирањето на органите на Акционерското друштво при неговата трансформација од акционерско друштво со мешовита сопственост во акционерско друштво во приватна сопственост и дека неможело од записникот од седницата на Собранието на Друштвото, точно да се констатира дали и како е донесен оспорениот статут, Судот оцени дека се фактички прашања, за кои, исто така, не е надлежен да одлучува Уставниот суд.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Кралески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.281/95

Leave a Reply