258/1995-0-0

258/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 јули 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на
а) Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Штип за 1993 година, донесена од Собранието на Општина Штип на 11 февруари 1993 година (“Службен гласник на Општина Штип” бр.1/93) и
б) Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општината Штип, донесена од Собранието на Општина Штип на 17 февруари 1994 година (” Службен гласник на Општина Штип” бр.1/94).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Мијалче Стојчевски од Штип му поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што не биле во согласност со Законот за градежното земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79, 18/89 и 21/91).
3. На седницата Судот утврди дека со донесување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Штип за 1994 година, престанала да важи Програмата означена под а) во точката 1 од ова решение и дека со донесувањето на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Штип за 1995 година престанала да важи и Програмата означена под б) во точката 1 од ова решение.
4. Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со оглед на тоа што оспорените програми престанале да важат, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за водење постапка по иницијативата, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен М ихајловски, д-р Милан Недков, Весим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.7/95

Leave a Reply