94/1995-0-0

94/1995-0-0

Вовед

Уставнииот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 5 јули 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на
а) Одлуката на ЈП “Комуналец” од Гостивар бр.02- 876 од 3.12.1990 година,
б) членовите 5 и 6 од Одлуката на ЈП “Комуналец” од Гостивар бр.02-876/1 од 3.12.1990 година,
в) членовите 6 и 11 од Одлуката на ЈП “Комуналец” од Гостивар бр.02-123/3 од 29.03.1993 година, и
г) точката 1 алинеја 2 од Заклучокот на Собранието на Општина Гостивар бр.08-386/1 од 29.12.1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Невзат Алиу од Гостивар му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што со нив корисниците на вода од с.Долна Баница биле задложени да плаќаат одредена сума за изградба на пречистителна станица во с.Здуње.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорените акти ги оценувал и истите ги поништил, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.94/95

Leave a Reply