222/1995-0-0

222/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 јуни 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на меѓусебната согласност на членовите 9 и 100 од Уставот на Република Македонија.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, д-р Атанас Ристески од Скопје му поднесе иницијатива за оценка на меѓусебната согласност на членовите 9 и 100 од Уставот на Република Македонија. Имено, имунитетот на судиите утврден во членот 100 од Уставот, ги ставал судиите во поповолна положба во однос на другите граѓани во Република Македонија, што не било во согласност со членот 9 од Уставот , според кој гра?аните пред Уставот и законите се еднакви.
3. Согласно член 110 став 1 алинеи 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Тргнувај?и од оваа уставна одредба, Уставниот суд не е надлежен да ја оценува ме?усебната согласност на две одредби од Уставот, поради што врз основа на член 28 став 1 алинеа 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Ни кола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.222/95

Leave a Reply