199/1995-0-0

199/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 21 јуни 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата на Димче Тегов од село Дрен – Демир Капија старосната пензија да му се определи од пензиската основа пресметана од платата остварена во првите десет години од работниот век или од платата остварена во целокупниот работен век.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Димче Тегов од село Дрен – Демир Капија, му поднесе иницијатива со барање старосната пензија да му се определи од пензиската основа пресметана од платата остварена во првите десет години од работниот век или од целокупниот работен век, како најповолни години. Притоа, со иницијативата се укажува на некои нелогичности во Законот за пензиското и инвалидското осигурување кои доведувале пензионери со 40 години пензиски стаж да имаат иста пензија како и пензионерите на кои им се гарантира најнизок износ на пензија.
3. Тргнувајќи од суштината на барањето во иницјативата Судот утврди дека со неа не се бара оценка на уставноста на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (“Слу жбен весник на Република Македонија” бр.80/93), односно на негови одделни одредби во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, според кој Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот, туку се укажува на некои нелогичности во висината на пензиите на одделни категории корисници на пензии и се истакнува барање на подносителот пензијата да му биде определена од пензиската основа пресметана од платата остварена во целокупниот работен век или од првите десет години од работниот век, како најповолни за него, за што Судот не е надлежен да одлучува.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.199/95

Leave a Reply