166/1995-0-0

166/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 17 мај 1995година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на точка 7 став 5 од Појаснувањето на Министерот за одбрана на Република Македонија, број 01-984/2 од 22 март 1995 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Јовица Стојановски од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорениот дел од Појаснувањето означено во точката 1 од ова решение, затоа што со него се одземало суспензивното дејство на жалбата односно приговорот, што не било во согласност со член 15 од Уставот на Република Македонија и со одредбите на член 135 став 3 од Законот за работните односи, член 210 став 2 и член 218 став 3 од Законот за органите на управата и член 231 став 1 од Законот за општата управна постапка.
3. Судот на седницата утврди дека Појаснувањето на Министерот за одбрана на Република Македонија претставува допис со кој се појаснува примената на одделни законски одредби, а не пропис во смисла на членовите 51 и 52 од Уставот, поради што оцени дека Судот, согласно член 110 од Уставот, не е надлежен да одлучува за неговата согласност со Уставот и законите.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав ор претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.166/95

Leave a Reply