64/1994-0-0

64/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 69 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 март 1995 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА членот 103 од Законот за облигациони односи (“Службен лист на СФРЈ” бр.29/78 и 35/85) во делот што се однесува на употреба на терминот
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесена иницијатива од Аце Димовски од Скопје, поведе постапка за оценување уставноста на членот 103 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Македонија.
4. Судот на седницата, утврди дека оспорената одредба од Законот предвидува ништавност на договорот кој е спротивен на начелата на уставното уредување утврдени со Уставот, на присилните прописи или на моралот на социјалистичкото самоуправно општество.
5. Согласно член 1 од Уставот, Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а според ставот 2 на овој член, суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.
Имајќи ја предвид наведената уставна одредба која Република Македонија ја декларира како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, Судот утврди дека членот 103 од Законот во делот што се однесува на употребата на терминот “социјалистичко самоуправно општество” е несогласен со Уставот на Република Македонија.
Што се однесува до останатиот текст на оспорената одредба од членот 103 од Законот, според која како ништавни се предвидуваат сите договори кои се спротивни на начелата на општественото уредување утврдени со Уставот, на присилните прописи или на моралот, Судот оцени дека истиот не е несогласен со Уставот на Република Македонија од причина што договорите од овој вид не се сметаат за договори спротивни на основните начела на правниот поредок и како такви да се ништавни.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од пр етседателот на Судот Д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, Д-р Никола Крлески, Д-р Стојмен Михајловски, Д-р Милан Недков, Бесим Селими, Д-р Јосиф Талевски и Д-р Тодор Џунов.У.бр.64/94

Leave a Reply