124/1995-0-1

124/1995-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 29 март 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА Иницијативата за оценување законитоста на член 1 од Тарифниот систем за измени и дополнување на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија (“Службен весник на Република Македонија” бр.47/89).
2. На Уставниот суд на Република Македонија Ошптинскиот сојуз на пензионерите во Прилеп му поднесе иницијатива за оценување на законтоста на член 1 од актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што во цената на електричната енергија се пресметувало и за ангажираната моќност на електричната енергија во висина од 33,33% што не било во согласност со Законот за облигационите односи.
3. На седницата Судот утврди дека со Одлука У.бр.118/86 од 8 јули 1989 година го укинал член 30 од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија (“Службен весникна СРМ” бр.45/82,15/85 и 22/88), затоа што основниот придонес за пресметковната моќ на електрична енергија се плаќал независно од стварно потрошената електрична енергија, што не било во согласиост со начелото на еднаквата вредност на взаемните давања утврдено во Законот за облигационите односи и со Законот за енергетика. Понатаму, Судот утврди дека член 30 од означениот тарифен систем е заменет со член 1 од Тарифниот систем за измени и дополнување на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија и дека со Решение У.бр.12/90 од 23 мај 1990 година не повел постапка за оценување законитоста на овој тарифен систем, затоа што утврдил дека со начинот на кој со изменетиот член се утврдува основниот придонес за пресметковна моќ за продажба на електрична енергија кај категоријата домаќинства се обезбедува тој да се плаќа сразмерно на потрошената електрична енергија (квтч) во секој пресметковен период, што не е во несогласност со Законот за облигационите односи и со Законот за енергетика. Со оглед на тоа што за истата работа Судот веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, Д-р Никола Крлески, Д-р Стојмен Михајловски, Д-р Милан Недков, Бесим Селими, Д-р Јосиф Талевски и Д-р Тодор Џунов.
У.бр.124/95
29 март 1995 година
С к о п ј е

Leave a Reply