149/1994-0-0

149/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 декември 1994 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА член 23 став 2 точка 1 од Правилникот за условите и начинот на решавање на станбените прашања на вработените во Министерството за одбрана, воените старешини и граѓанските лица на служба во Армијата на Република Македонија, донесен од министерот за одбрана на 22 февруари 1993 година, во делот кој гласи

2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија.”

3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.149/94 од 14 октомври 1994 година, поведе постапка за оценување законитоста на оспорените одредби од правилникот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со член 11 став 3 и член 13 од Законот за станбени односи.

4. Судот на седницата утврди дека во член 23 од Правилникот се утврдени општите услови за доделување на станови за купопродажба. Во оспорениот став 2 точка 1 на член 23 од Правилникот е предвидено дека стан со обврска за купопродажба може да се додели на лице кое, покрај другото, нема на користење стан со станарско право, ако нема стан во лична сопственост, во сопственост на брачниот другар или на малолетен член на семејството на територијата на Републиката, доколку во таква ситуација не се довел по своја волја (подарок, продал стан и слично).

5. Во член 11 став 1 од Законот за станбените односи (“Службен весник на СРМ” бр.36/73, 14/75, 27/86, 48/88, 11/91 и 62/93) е предвидено дека граѓанинот може да има станарско право само на еден стан, а како користење на повеќе од еден стан, според став 3 на овој член, се смета ако носителот на станарското право, односно член на неговото семејство има истовремено во местото на живеење и стан во сопственост врз кој не постои станарско право на друго лице.

Во член 13 од Законот, е предвидено дека носителот на станарско право, неговиот брачен другар или малолетните членови на неговото семејно домаќинство имаат или се здобијат со семејна станбена зграда или стан во сопственост во местото на живеење што одговара на потребите на носителот на станарското право и на потребите на членовите на неговото семејно домаќинство кои заедно со него живеат, должен е во рок од 60 дена од денот на добивањето или испразнувањето на семејната станбена зграда или стан во сопственост, со сите корисници на станот да се исели од станот што го користи врз основа на договор за користење на стан.

Од наведените законски одредби произлегува дека станарско право на стан во општествена сопственост може да се стекне само на еден стан, што значи дека истовремено не може да се стекне станарско право на два стана во општествена сопственост, независно од тоа дали станот што се користи е соодветен или не и дали се наоѓа во местото на живеење или во друго место.

Меѓутоа, како користење на повеќе од еден стан се смета и ако лицето има стан во сопственост, врз кој не постои право на станарско право на друго лице, но во ваков случај станот мора да се наоѓа во местото на живеење, што значи ако носителот на станарското право и другите лица од семејното домаќинство имаат стан во сопственост надвор од местото на живеење, тогаш би можеле да се стекнат со станарско право на стан во општествена сопственост.

Во член 15 од Законот е уредено прашањето за стекнување на станарско право на стан во општествена сопственост во случај на поседување на куќа или стан кои сезонски и повремено се користат за одмор и закрепнување, при што во став 1 е предвидено дека не може да стекне станарско право лице што поседува ваква куќа или стан, независно од тоа дали се наоѓа во местото на живеење или надвор од него. Во став 2 е предвидено лице што веќе е носител на станарско право, а има еден стан или семејна станбена зграда што повремено ги користи за одмор и закрепнување и доколку се стекне со уште еден таков стан односно семејна станбена зграда, е должен да се исели од општествениот стан.

Од изнесеното произлегува дека законот уредува две различни ситуации кога лицето има во сопственост стан за живеење и кога има во сопственост стан за одмор и закрепнување. Притоа, Судот смета дека е фактичко прашање што е стан за одмор и закрепнување и друг стан, кое прашање треба да го ценат надлежните органи при распределбата на станови во секој конкретен случај.

Во означените одредби од Правилникот на истоветен начин е уредено прашањето за стекнување на станарското право, независно од тоа дали лицето поседува стан за живеење или стан за одмор и закрепнување, поради што Судот оцени дека тие не се во согласност со член 11 став 3 и со член 13 од Законот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

Leave a Reply