82/1994-0-0

82/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Случбен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одр`ана на 29 јуни 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на член 1 став 1 и член 2 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за условите и начинот на решавање на станбените прашања на вработените во Министерството за одбрана, воените старешини и граѓанските лица на служба во Армијата на Република Македонија, донесен од министерот за одбрана на 30 март 1994 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Драгана Станоковиќ, Зоран Иновски и Иво Тасевски сите од Скопје му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценувње уставноста и законитоста на оспорените одредби од правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што не биле во согласност со член 9 од Уставот на Република Македонија, од причини што одделни работници при остварувањето на правото на стан зависно од имотната положба имале приоритет при распределбата на станови, иако според Уставот имотната и општествената положба не можела да биде основ за поповолен или понеповолен третман на граѓаните и што лицата кои биле деца на припадници на бившата ЈНА и на Армијата на Република Македонија биле ставени во понеповолна положба од другите лица вработени во Министерството, чии родители вработени во други сојузни и републички органи и во општествениот сектор добиле општесетвен стан, со што се повредувало и правото на сопственост на родителите кои веќе ги откупиле становите и се стекнале со право на сопственост.

Со иницијативата, исто така, се бара Судот да ги запре од извршување поединечните акти и дејствија преземени врз основа на оспорените одредби од Правилникот.

3. Судот на седницата утврди дека со оспорениот член 1 од Правилникот се менува член 28 од Правилникот, при што во став 1 се предвидува дека при донесувањето на одлука за доделување на стан за купопродажба на лица чии молби се распоредени во правата група од член 26 од овој правилник, приоритет за доделување на стан имаат лицата кои во претходното место на живеење на територијата на поранешната СФРЈ го изгубиле без своја вина целокупниот имот со кој располагале.

Инаку, во член 26 од Правилникот е предвидено дека молбите на лицата што бараат стан за купопродажба се распоредуваат во четири групи, при што во И група (на која се однесува член 28) спаѓаат молбите на лицата што немаат стан на користење односно немаат стан во лична сопственост, во сопственост на брачниот другар и на малолетен член на семејството.

Со оспорениот член 2 од Правилникот по член 30 се додава нов член 30-а и се предвидува дека на воен старешина или граѓанско лице на служба во Армијата на Република Македонија (подносител на молбата) на чиј родител му е доделен стан од станбениот фонд на поранешната ЈНА по основ на бројот на членовите на семејството во кој број бил засметан и подносителот на молбата за стан, површината на станот му се намалува за бројот на просториите кои врз основа на поднесена молба за стан како член на семејството, ги добил неговиот родител. Молбите за доделување на стан определен за купопродажба на воените старешни или граѓански лица од став 1 на овој член се распоредуваат во ИВ група од член 26 од овој Правилник, а во оваа група се распоредуваат молбите на лицата што се носители на станарско право на стан при воено-станбениот фонд на Министерството кои според посебен пропис на Министерството не можат да го купат, а сакаат да купат друг стан.

4. Според член 4 став 1 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, Република Македонија како рамноправен правен налседник на СФРЈ со другите републики врз основа на договор со другите републики за правното наследство на СФРЈ и за меѓусебните односи, може да презема права и обврски настанати од создавањето на СФРЈ, а во тие рамки и во врска со располагањето и користењето на станбениот фонд со кој располагаше ЈНА, а кој, согласно член 134 од Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македонија” бр.8/92), премина во државна сопственост на Република Македонија.

Во смисла на означената одредба од Уставниот закон и член 119 став 1 од Уставот на Република Македонија меѓу овластени претставници на Република Македонија и на СФРЈ е склучен договор и спогодба, во кои меѓу другото е предвидено целокупниот недвижен имот кој го користи ЈНА на територијата на Република Македонија да се предаде на органите на Републиката, вклучувајќи го тука и станбениот фонд на ЈНА што се наоѓа на територијата на Република Македонија, при што непродадените станови и ново прибавените станови од средствата на ЈНА ќе се продаваат на носителите на станарското право и на оние кои ќе станат носители на станарското право во наредниот период, под условите пропишани за продавање на становите на ЈНА. Станбениот простор со кој располагаше ЈНА, според Спогодбата, се предава на располагање на Републиката односно на Министерството за одбрана.

Распределбата и продажбата на становите на ЈНА се вршеше според Законот за станбено обезбедување на Југословенската народна Армија (“Службен лист на СФРЈ” бр.84/900, кој, согласно член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, е преземен како републички, со одредбите на овој закон е дадена можност за откупување на воените станови и се утврдени и условите за окупување, како и начинот на определување на цената на тие станови.

Судот, исто така, утврди дека за продажбата на воените станови Владата, како носител на извршната власт, донесе Уредба за начинот и условите за продажба на становите и деловниот фонд на ЈНА, што се во државна сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.24/92), со која е предвидено дека становите од ЈНА се продаваат според начинот и условите пропишани со прописите за продажба на становите на ЈНА, а тоа е Законот за станбено обезбедување на ЈНА. Во член 34 став 1 од Законот е предвидено со општ акт поблиску да се пропишат, покрај другото, условите под кои можат да се откупуваат становите а уредени се и други прашања во врска со задоволувањето на станбените потреби на лицата вработени во соодветната установа. Исто така, со член 35 од Законот овластен е министерот да донесе прописи и за начинот на откупот на становите од станбениот фонд на ЈНА.

Од изнесеното, според мислењето на Судот, произлегува дека е право на министерот, зависно од станбениот фонд со кој располага Министерството, да одлучи со каква структура и површина ќе продава станови на вработените и како ќе ја вреднува нивната станбена состојба, при што како основ за определување може да го земе предвид и фактот што тие веднаш како членови на семејното домаќинство, веќе учествувале во распределбата на станови од станбениот фонд со кој располагаше ЈНА. Ова и дотолку повеќе што прашањето за станбената површина што може да му припаѓа на носитлеот на станарското право и за начинот на вреднувањето на станбената состојба, не е уредено со закон, туку истото се уредува со општите акти на распределаба на станови.

Исто така, Судот смета дека е право на надлежните органи со општиот акт за распределба на станови да ги утврдат и основите за приоритет под еднакви услови за добивање на стан.

Со оглед на тоа, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби од Правилникот со означените уставни и законски одредби, како и со начелото на еднаквост утврдено во член 9 од Уставот.

5. Со оглед на тоа што Судот не најде основи за поведување на постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорените одредредби од Правилникот, оцени дека не се исполнети условите за запирање од извршување на поединечните акти донесени врз основа на оспорените одредби од Правилникот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7 Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

Leave a Reply