25/1994-0-0

25/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 април 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на член 47 од Основниот закон за измени и дополненија на Законот за искористување на селскостопанското земјиште (“Службен лист на СФРЈ” бр.12/67).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Цанко Ангеловски и други граѓани од Демир Хисар, му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на оспорената одредба од законот означен во точка 1 од ова решение, затоа што, врз нејзина основа, на подносителите на иницијативата им било одземено необработливо земјиште израснато со шума, кое од надлежните органи било третирано како земјоделско земјиште, што не било во согласност со Уставот, а особено со член 9 од Уставот, затоа што во истоветна ситуација на други граѓани им било признато правото на сопственост.

3. Судот на седницата утврди дека Основниот закон за искористување на селскостопанското земјиште бил сојузен закон, донесен во 1959 година, а менуван и дополнуван во 1962, 1965 и 1967 година. Со Уставниот закон за спроведување на Уставот на СР Македонија од 1974 година било предвидено до донесувањето на соодветен републички закон, тој закон да се применува како републички. Означениот закон како републички се применувал до 1976 година, кога е донесен Законот за заштита и користење на земјоделското земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.40/76). Според тоа, Судот утврди дека од 1976 година означениот закон не ва`и на територијата на Република Македонија.

Со оглед на тоа што означениот закон престанал да важи односно да се применува во Република Македонија од 1976 година, односно пред поднесувањето на иницијативата, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за оценување на неговата уставност.

4. Што се однесува до наводите од иницијативата за правните последици кои настанале во време на важењето на оспорениот закон и дека Законот не бил еднакво применуван на сите граѓани, Судот оцени дека, тие прашања се однесуваат на примената на Законот, за што, согласно член 110 од уставот, не е надлежен да одлучува.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply