34/1993-0-0

34/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 став 1 алинеја 2 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 23 февруари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Заклучокот бр.09-1535/89, донесен од Извршниот совет на Собранието на Општина Охрид на 8 февруари 1990 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена и ницијатива од Благуна Јосифовска од Охрид за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него всушност се вршела измена и дополнување на деталниот урбанистички план, на тој начин што се определувала поинаква парцелација од предвидената со планот, без да била спроведена постапката за измена и дополнување на урбанистичкиот план пропишана со Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што оспорениот заклучок не претставува пропис односно општ акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе со мнозинство во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply