191/1993-0-0

191/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 став 1 алинеја 3 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 февруари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на

а) Одлуката за определување највисоко ниво на цените на одделни комунални услуги, донесена од Владата на Република Македонија на 5 април 1993 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/93) и

б) Наредбата за определување на производи и услуги за кои претпријатијата се должни да доставуваат известување за цените, донесена од Републичкиот секретар за општостопански работи, мало стопанство, туризам и пазар на 1 март 1991 година (“Службен весник на СРМ” бр.10/91).

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива, од Јавното претпријатие за водовод и канализација “Водовод” во Охрид, за поведување постапка за оценување уставноста на прописите означени во точката 1 од ова решение, затоа што Владата немала уставен основ да го определува највисокото ниво на цените на одделни производи и услуги на ккомуналните претпријатија и што тие претпријатија немале уставна обврска да доставуваат известување за цените на своите производи и услуги, поради што Одлуката и Наредбата не биле во согласниост со Уставот.
3. На седницата Судот утврди дека оспорената одлука, чие важење е продолжено со Одлука на Владата од 25 октомври 1993 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.65/93), престанала да важи на 1 декември 1993 година со Одлуката за определување највисоко ниво на цените на одделни комунални услуги (“Службен весник на Република Македонија” бр.73/93), која, исто така, престанала да важи со Одлуката за престанување на важноста на Одлуката за определување највисоко ниво на цените на одделни комунални услуги од 29 декември 1993 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.81/93).

Понатаму, Судот утврди дека оспорената наредба престанала да важи на 1 јануари 1994 година, со влегувањето во сила на Наредбата за определување на производи и услуги за кои претпријатаијата и другите правни и физички лица што вршат дејност се должни да доставуваат известување на цените, донесена од Министерот за стопанство на 24 декември 1993 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.81/93).

4. Со оглед на тоа што оспорените прописи престанале да ва`ат, Судот утврди дека не постојат процесни претпоставки за водење на постапката, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply