282/1994-0-0

282/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 3 и член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 2 февруари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на Законот за личните доходи и другите надоместоци на пратениците во Собранието на СР Македонија и на другите избрани и именувани лица во Републиката (“Службен весник на СРМ” бр.36/90, 44/90, 11/91 и 38/91).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Дочка Меновиќ од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што предвидувал пратениците и другите избрани и именувани лица и по престанокот на функцијата за која биле избрани и именувани да примаат личен доход уште една година по разрешувањето, што не било во согласност со Уставот на Република Македонија.

3. На седницата Судот утврди дека ја оценуал уставноста на оспорениот закон и со Решение У.бр.193/91 од 18 март 1992 година не повел постапка за оценување уставноста на Законот за личните доходи и другите надоместоци на пратениците во Собранието на СР Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.

Со оглед на тоа што Судот веќе одлучувал за уставноста на оспорениот закон, а нема основи за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply