194/1993-0-0

194/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 став 1 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 8 ноември 1993 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1.СЕ УКИНУВА Заклучокот бр.08-11/1, донесен од Собранието на Општина Крушево на 13 јануари 1992 година (“Службен гласник на Општина Крушево” бр.1/92).
2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен на Република Македонија” и во “Службен гласник на Општина Крушево”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Живко Талевски од Крушево, со решение У.бр.194/93 од 13 септември 1993 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со Уставот и со закон.
4. На седницата Судот утврди дека со точката 1 од Заклучокот е предвидено заради подобрување на осветленоста на улиците во градот и месните заедници, трошоците за потрошената енергија за улично осветлување да ги сносат граѓаните на Општина Крушево и тоа по 30 денари од броило месечно во градот и по 15 денари по броило месечно во месните заедници. Со точките 2, 3 и 4 од Заклучокот се уредува начинот на прибирањето на средствата, службите што ќе ја вршат наплатата, начинот на објавување и неговото влегување во сила.
5. Според член 33 од Уставот на Република Македонија, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
Според член 68 од Уставот, Собранието на Република Македонија ги утврдува јавните давачки, а согласно член 114 став 4 од Уставот, општините се финансираат од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства на Републиката.
Согласно член 4 од Законот за системот на финансирање на општите општествени и заеднички потреби (“Службен весник на Република Македонија” бр.36/91, 55/91, 21/92 и 36/92), општините обезбедуваат средства за финансирање на потребите и за извршувањето на задачите и работите што врз основа на Уставот и на законот се должни да ги финансираат, а тие потреби се финансираат од изворите на приходите кои се обезбедуваат со плаќање на даноци, такси и други давачки утврдени со закон.
Со оглед на тоа што со закон не е предвидена можност општината да воведува посеб ен данок или друга јавна давачка за финансирање на улично осветление, Судот оцени дека оспорениот заклучок не е во согласност со означените уставни и законски одредби, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply