Решение У.бр.44/1992

У.бр.44/1992

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92),на седницата одржана на 27 откомври 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста на член 2, член 3 став 2 и член 43 од Законот за адвокатурата и други видови на правна помош (“Службен весник на СРМ” бр.6/72 и 13/78).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Љубомир Бочваров од Свети Николе му поднесе иницијатива со барање за поведување постапка за оценување уставноста на Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што на дипломираните правници кои немале правосуден испит им го ограничувал правото да работат како адвокати и што предвидувал задолжително организирање на адвокатите во адвокатски комори, што не било во согласност со Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека согласно член 32 од Законот за адвокатурата (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/92), со денот на влегувањето во сила на овој закон престанал да важи оспорениот закон за адвокатурата и другите видови на правна помош.

Со оглед на тоа што оспорениот закон претстанал да важи, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за оценување на неговата уставност, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply