81/1993-0-0

81/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 октомври 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1.НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за измени и дополнување на методологијата за распределба на платите и другите надоместоци на вработените во Централното основно училиште “Коле Неделковски” – Битола, донесена на референдум одржан на 12 април 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, група вработени во Централното основно училиште “Коле Канински” – Битола му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точка 1 од ова решение, затоа што била донесена врз основа на препорака на нелигитимна група без учество на трите социјални партнери во Републиката и биле нарушени соодносите на платите кај вработените, што претставувало повреда на членот 32 став 5 и на членот 35 став 1 од Уставот на Република Македонија.
3. На седницата Судот утврди дека според членот 32 став 3 од Уставот на Република Македонија секој вработен има право на соодветна заработувачка, а според членот 32 став 5 од Уставот остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Според членот 35 став 1 од Уставот на Република Македонија, Републиката се грижи за социјалната сигурност на граганите согласно со начелото на социјална праведност.
Според член 49 став 2 од Законот за основните права од работниот однос (“Службен лист на СФРЈ” бр.60/89 и 42/90), на работникот му припага личен доход како дел од доходот односно добивката кој е сразмерен на придонесот на работникот во создавањето на тој доход односно добивка во согласност со општиот акт односно со колективниот договор.
Од изнесената законска одредба произлегува дека со општ акт се утврдуваат основите и мерилата за распределба на платите и другите надоместоци на работниците сразмерно на нивниот придонес во создавањето на доходот на организацијата.
Со оглед на тоа што во оспорената одлука се утврдени коефициентите за распределба на платите и другите надоместоци за сите работници и тоа според квалификационата структура, според педагошките звања и работното место и според условите за работа, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината согласност со членот 32 став 5 и членот 35 став 1 од Уставот, ниту, пак, со означената законска одредба.
4. Во врска со наводот во иницијативата дека со оспорената одлука биле нарушени соодносите на платите кај вработените, Сдот оцени дека е тоа фактичко прашање, за кое, Уставниот суд, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија не е надлежен да одлучува.
5. Врз основа на изнесеното, се одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Ц.Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply