115/1993-0-0

115/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Срепублика Македонија, врз основа на член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 15 септември 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на член 4 од Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работата на адвокатите, донесена од Адвокатската комора на Република Македонија на 27 март 1993 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.23/93).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Петар Чучуроски од Прилеп и Претпријатието за промет на големо и мало -“БЛАМ-ТЕКС” од Скопје, му поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорената одредба од актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со неа граганите се ставиле во нееднаква положба, односно се воспоставувале повратно дејство, што не било во согласност со член 9 и член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија.
3. Судот на седницата утврди дека според член 4 став 1 од Тарифата, ако во текот на постапката се изменила Тарифата еднаш или повеќе пати, ќе се примени тарифата што е во сила на деност на пресудувањето, односно одлучувањето. Од денот на пресудувањето, односно одлучувањето до денот на исплатата на износот на адвокатската награда и трошоци се пресметува законска камата. Според став 2 на овој член, неисплатената награда и трошоци странката секогаш ги плаќа на адвокатот по тарифата што е во сила на денот на плаќањето.
Понатаму, Судот утврди дека со Тарифата се одредува висината на надоместокот на трошоците и наградата за дадена правна помош, односно прецизно се определени сите дејствија што адвокатите ги преземаат во давањето на правната помош. Исто така, Судот утврди дека, согласно член 10, Тарифата влега во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, односно на 20 април 1993 година.
4. Според член 9 од Уставот на Република Македонија, граганите на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националната и општествената положба. Граганите пред Уставот и законите се еднакви.
Со ставот 4 на член 52 од Уставот се уредува дека законите и другите прописи на можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граганите.
Со член 53 од Уставот, адвокатурата е дефинирана како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
Според член 15 од Законот за адвокатурата (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/92), адвокатот има право на награда и на надоместок за извршената работа според Тарифата за наградата и надоместокот на трошоците за работа на адвокатите, што, согласно член 28 став 2 од Законот, ја донесува Адвокатската комора на Република Македонија.
Со оглед на тоа што со оспорената одредба се утврдува начинот за примена на тарифата и за исполнување на обврските на странките за ненавремено плаќање на наградата и трошоците за дадената правна помош, односно се утврдува инструментариум со кој се обезбедува да не се обезвреднува трудот на адвокатот за дадената правна помош, Судот смета дека со неа не се нарушува начелото на еднаквоста на граганите, поради што оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината согласност со член 9 од Уставот.
Исто така, Судот смета дека определбата од оспорената одредба, според која ако во текот на постапката се изменила Тарифата, ќе се применува тарифата што е во сила на денот на пресудувањето, односно одлучувањетоо, не предизвикува повратно дејство на прописот во смисла на член 52 став 4 од Уставот, поради што оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба со Уставот.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов, и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковс, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply