108/1993-0-0

108/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 47 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 септември 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување законитоста на
а) член 7 од Одлуката за утврдување надоместок за употреба на градежно земјиште на подрачјето на град Скопје, донесена од Собранието на град Скопје на 8 октомври 1990 година (“Службен гласник на град Скопје” бр.18/90) и
б) Решението за утврдување висината на надоместокот за употреба на градежно земјиште на подрачјето на град Скопје, донесено од Извршниот одбор на Собранието на град Скопје на 23 април 1993 година (“Службен гласник на град Скопје” бр.7/93).
2. На Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр.108/93 од 9 јуни 1993 година, поведе постапка за оценување законитоста на член 7 од означената одлука и за законитоста на Решението, затоа што со оспорената одредба од одлуката висината на надоместокот за употреба на градежното земјиште е овластен да ја утврдува извршниот одбор и што со оспореното решение извршниот одбор ја утврдил висината на надоместокот, поради што пред Судот се постави прашањето за нивната согласност со член 44 став 2 од Законот за градежното земјиште.
3. По повод донесеното Решение на Уставниотсуд на Република Македонија, Собранието на град Скопје на 8 јули 1993 година изврши измена и дополнување на оспорената одредба од Одлуката. Со влегувањето во сила на Одлуката, престана да важи оспореното решение.
Разгледувајќи ги измените и дополнувањата на Одлуката, Судот утврди дека оспорениот член 7 се менува така што наместо извршниот одбор висината на надоместокот за употреба на градежно земјиште ја утврдува Собранието на град Скопје.
Со оглед на тоа што со измените на оспорената одредба од Одлуката е извршено усогласување во однос на надлежноста за определување на висината на надоместокот за употреба на градежно земјиште и што оспореното решение на Извршниот одбор престана да важи, Судот оцени дека нема основи за натамошно водење на постапката, поради што одлучи како во точка 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply