Решение У.бр.269/1992

У.бр.269/1992

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија, член 28 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 јули 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на Законот за Агенцијата за преструктуирање и развој (“Службен весник на СРМ” бр.20/90 и 36/90).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Дочка Меновиќ од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што Собранието на СР Македонија со закон формирало јавно претпријатие, што не било во согласност со Уставот.

3. На седницата Судот утврди дека со влегувањето во сила на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/93) престанал да важи Законот за Агенцијата за преструктуирање и развој, поради што оцени дека не постојат процесни претпоставки за водење на постапка, во смисла на член 28 и 47 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија и одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply