42/1993-0-0

42/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 21 април 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Решението бр.407/2 за утврдување на градежната вредност на становите во сопственост на Армијата на Република Македонија, донесено од Министерството за одбрана на Република Македонија на 12 февруари 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Ангелески Ѓорѓија и Петров Павле од Битола му поднесоа иницијатива за оценување уставноста и законитоста на решението означено во точка 1 од ова решение, затоа што со него цената на становите се утврдувала по поинаква методологија од онаа што е пропишана со Уредбата за начинот и условите за продажба на становите и деловниот фонд на ЈНА што се во државна сопственост на Република Македонија.
3. На седницата судот утврди дека со оспореното решение се утврдени просечните цени на градење на становите во сопственост на Армијата на Република Македонја по метар квадратен.
4. Разгледувајќи го оспореното решение, Судот утврди дека тоа не претставува пропис односно општ акт во смисла на член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, порди што оцени дека не е надлежен да одлучува за неговата уставност и законитост.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точка 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply