14/1993-0-0

14/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 1 април 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за преиспитување на Решението У.бр.204/92, донесено од Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 9 декември 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Трајановски Ристе и други работници во Медицинскиот центар “Д-р Трифун Пановски” од Битола му поднесоа иницијатива за преиспитување на решението означено во точката 1 од ова решение, со барање Судот да му наложи на Советот на Работната заедница на Заедничките служби во означениот медицински центар да ја преиспита оправданоста за донесување на Правилникот за организација и систематизација на работните места.
3. Разгледувајќи ги наводите во иницијативата за преиспитување на означеното решение, Судот утврди дека во неа не се изнесуваат нови факти и докази кои би влијаеле за поинакво одлучување и одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply