187/1992-0-0

187/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 и член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 30 септември 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста и законитоста на Решението К.бр.24/92 со кое за обвинетите Васил Трајков и Емил Димитров од Република Бугарија се определувале гаранција од по 20.000 германски марки за да се бранат од слобода, донесено од Окружниот суд во Штип на 27 јули 1992 година.
2. На Уставниот суд на република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на решението означено во точката 1 од ова решение, затоа што со Решение К.бр.50/92 на Окружниот суд во Штип од 18 јуни 1992 година за други обвинети државјани на Ср Југославија за исти кривични дела бил определен многу понизок износ на гаранцијата, што не било во согласност со Уставот и со закон.
3. Разгледувајќи го барањето Судот утврди дека не е надлежен да одлучува по него, затоа што тоа не се однесува на заштитата на слободите и правата од член 110 став 3 од Уставот на Република Македонија, според кој Уставниот суд на Република Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминацијата на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply