112/1992-0-0

112/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 10 септември 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на член 17 став 3 од Правилникот за критериумите и мерилата за решавање на станбените потреби на работниците во Работната организација Шумарство и примарна преработка на рво “Кајмакчалан” во Битола, донесен со референдум на 11 јули 1988 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на член 17 став 3 од правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што работникот со поголем број членови на семејното домаќинство не можел да добие помал стан од оној кој му следува по критериумите, иако бил прв на ранг листата, што не било во согласност со закон.
3. На седницата Судот утврди дека во член 17 од Правилникот заради рационално користење на станбениот простор се утврдени стандардите на становите. Во ставот 3 на овој член е предвидено дека предимство, без оглед на редот на ранг листата, ќе има само работник кој според стандардот на становите ги исполнува условите по број на членовите на семејството на предметниот стан.
Според член 42, 42-а од Законот за станбени односи (“Службен весник на СРМ” бр.36/73, 14/75, 27/86, 1/90 и 11/91), давателот на станот на користење со општ акт ги утврдува условите и начинот на добивање станови на користење, односно основите и мерилата за определување редот на првенство за добивање стан на користење.
4. Согласно член 91-а од Законот за станбените односи, со општествен договор се утврдуваат мерилата за рационално користење на стан, имајќи ја предвид функционалноста на станот и бројот на корисниците на станот, како и нивната возраст, пол, занимање и слично.
Од изнесените законски одредби произлегува дека давателот на стан на користење ги определува основите и мерилата за утврдување редот на првенство за добивање стан, а во тие рамки може да го определи и влијанието на бројот на членовите на семејното домаќинство во врска со рационалното користење на стан на утврдената ранг листа.
Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на член 17 став 3 од Правилникот со означените законски одредби и одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply