95/1992-0-0

95/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 17 јуни 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работите и работните задачи по работни места во Јавното претпријатие “Електростопанство на Македонија” во Скопје, донесен од Работничкиот совет на Претпријатието на 23 јануари 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него се предвидувале различни работни места во одделни погони и работни единици во Претпријатието и се определувале различни работни задачи за слични работни места, што било во несогласност со закон.
3. На седницата Судот утврди дека во Правилникот се определени работните места и работните задачи на работниците по погоните и работните единици во Претпријатието.
4. Според членовите 49 и 57 од Законот за претпријатијата (“Службен лист на СФРЈ” бр.77/88, 40/89, 46/90 и 61/90), кој, според член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, се применува како републички, работничкиот совет на предлог на директорот ја утврдува организацијата на општественото претпријатие.
Според член 24-б од Законот одредбите на овој закон за претпријатието во општествена сопственост, сообразно се применуваат и на јавните претпријатија.
Од изнесените законски одредби произлегува дека е право на јавното претпријатие да ја уреди својата организација, а во тие рамки да ги определи работните места и работните задачи на работниците, поради што Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на Правилникот со означените законски одредби.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply