ешение У.бр.136/1991

У.бр.136/1991

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија, на седницата одржана на 10 јуни 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Заклучокот за давање согласност за измена на градежната линија на објектот од Размоски Цветко, донесен од Извршниот совет на Собранието на Општината Охрид на 13 септември 1990 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со поместувањето на градежната линија се намалувало растојанието од соседниот објект, што не било во согласност со закон.

3. На седницата Судот утврди дека Извршниот совет на Собранието на Општина Охрид, со заклучок бр.09-7/275 од 13 септември 1990 година ја поместил градежната линија на објектот на локацијата на КП.788/3 предвидена во деталниот урбанистички план.

Согласно член 38 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85), кој важел во време на донесувањето на оспорениот акт, измените и дополнувањата на деталниот урбанистички план од помал обем во поглед а измена на габаритот на објектот, намената на дел од објектот, доградба и надградба на објектот, нивелационата кота и граддежната линија, можат да се вршат врз основа на пропис на општината.

Со оглед на тоа што во конкретниов случај, врз основа на овластување на Одлуката за измена и дополнување на деталните урбанистички планови од помал обем, Извршниот совет на Собранието на Општината Охрид со оспорениот заклучок прифатил поместување на градежната линија на објектот на локацијата на КП.788/3, која била предвидена со деталниот урбанистички план, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за спротивноста на Заклучокот со означената законска одредба.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply