17/1992-0-0

17/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 18 март 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето Уставниот суд на Република Македонија да донесе решение за измена на Одлуката за измени и дополнувања на Урабнистичкиот план за населбата Бутел, донесена од Собранието на Општина Чаир (“Службен гласник на Град Скопје” бр.26/82).
1. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесено барање да изврши измена на урбанистичкиот план означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него биле предвидени поголем број локации во однос на урбанистичкиот план донесен 1960 година, кои не биле оправдани од урбанистичка гледна точка, што не било во согласност со закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот на седницата утврди дека со неа не се бара оценување на согласноста на пропис на општината со закон, туку измена на урбанистичкиот план односно оценување на оправданоста за измена на урбанистички план, за што, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, овој Судот не е надлежен да одлучува.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply