157/1992-0-0

157/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 14 став 1 алинеја 5 и член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 26 февруари 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста на членовите 239 и 241 од Законот за органите на управата (“Службен весник на СРМ” бр.40/90).
2. Уставниот суд на Република Македонија, со Одлука У.бр.157/90 од 25 септември 1991 година, утврди дека оспорените законски одредби не се во согласност со Уставот на Република Македонија и определи рок од 6 месеци од денот на доставувањето на одлуката до Собранието на Република Македонија за нивно усогласување со Уставот.
3. Судот утврди дека оспорените одредби од Законот, согласно член 245 од тој Закон, престанале да се применуваат на 1 јануари 1992 година односно пред истекот на рокот од 6 месеци за нивно усогласување со Уставот.
Со оглед на тоа што оспорените одредби од Законот престанале да важат, Судот оцени дека повеќе не постојат процесни претпоставки за натамошното водење на постапката, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply