Соопштение

Склучен Меморандум за соработка со Уставниот суд на Република Бугарија

Делегација на Уставниот суд на Република Бугарија предводена од претседателката Павлина Панова ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија од 18-21 мај 2022 година. 

Со желба да ja унапредат билатералната соработка поврзана со работните области, да споделуваат знаења и искуства и да ги зајакнат институционалните капацитети преку соодветна правна рамка, двата уставни суда склучија Меморандум за соработка. 

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов.

По средбата во Уставниот суд  делегациите од двете земји беа примени на средба кај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. 

Посетата на делегацијата од Уставниот суд на Република Бугарија се реализира на покана на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Со оваа посета започнува четвртиот циклус на билатерални средби чијашто цел е  размена на искуства и мислења од областа на уставната правда и продолжување на долгогодишната извонредна соработка на сите нивоа помеѓу двата суда.