Соопштение

Соопштение по одржаната V-та седница на Судот

Почитувани,

Уставниот суд денеска ја одржа петтата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да:

1. Не поведе постапка за член 57 став 3 и став 4 и член 106 став 1 точка 4 од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2009, 24/2011, 25/2013, 79/2013, 147/2013,43/2014, 160/2014, 33/2015, 147/2015, 7/2016 и 39/2016) – Реферат У.бр.196/2020

Подносител: Еколошка групација „Грин Пауер“ од Велес, Движење за социјална правда „Ленка“ од Скопје и политичка партија „Левица“ од Скопје.

2. Не поведе постапка за член 13 точка 12 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алогоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.199/2021)- Реферат У.бр.101/2021

Подносител: Николче Мушаревски од Скопје

3. Не поведе постапка за член 16 став 3 од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр.241/2018)- Реферат У.бр.8/2020

Подносител: Александра Илиева Милчова, адвокат од Скопје.

4. Ја отфрли иницијативата за Спогодбата за регулирање на начинот на исплата на регрес за користење на годишен одмор и новогодишен надоместок, склучена на 15.11.2021 година, помеѓу ЈКП „Брегалница“ Делчево претставувана од генералниот директор Стојче Стојковски како работодавач и Синдикатот на работниците од угостителството, туризамот, станбено-комунално стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на Република Северна Македонија – Реферат У.бр.139/2021

Подносител: Николчо Атанасовски, адвокат од Делчево.