Соопштение

Соопштение по одржаната II-ра седница на Судот

Почитувани,

Уставниот суд денеска ја одржа втората седница од 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред Судот одлучи:

 Реферат У.бр.111/2021

Подносител: Фатмир Лимани од Кичево

Предлогот на судијата-известител за отфрлање на иницијативата не го доби потребното мнозинство гласови и за овој предмет ќе се одлучува на некоја од наредните седници на Судот.

Реферат У.бр.308/2020

Подносител: Милка Иванова и други преку полномошник Панче Ефтимов, адвокат од Скопје

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Проектот за инфраструктура за изградба на пристапна улица од измена и дополна на ДУП за дел МЗ Маџари 2, КО Синѓелиќ 1, општина Гази Баба, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ – Скопје, со тех.број 0801-414/19 од февруари 2020 година со граница на проектен опфат (563 м2), одобрен од страна на Општина Гази Баба Скопје;

Реферат У.бр.104/2021

Подносител: Синдикат на полиција во Северна Македонија од Велес

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување  постапка за оценување на уставноста и законитоста на: член 234 став 2, членот 236 и членот 238 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи склучен помеѓу Министерството и Македонскиот полициски синдикат („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.149/2021, 299/2021 и 303/2021);

Реферат У.бр.319/2020

Подносител: Дејан Владев од Свети Николе преку Гоце Тасков,адвокат од Свети Николе

Предлогот на судијата-известител за утврдување на повреда на правото на слобода на мислата на подносителот не го доби потребното мнозинство гласови и за овој предмет ќе се одлучува на некоја од наредните седници на Судот.

Реферат У.бр.27/2020 и У.бр.289/2020

Подносител: Aлександар Долгоски од Прилеп и Институт за човекови права од Скопје преку полномошник Игор Спировски, адвокат од Скопје

Судијата-известител предложи да се поништи член 44 став 2 во делот:„најдоцна до 65 годишна возраст” од Законот за социјална заштита(„Службен весник на Република Северна Македонија” број 104/2019,146/2019,275/2019,302/2020,311/2020 и 163/2021). Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови и за овој предмет ќе се одлучува на некоја од наредните седници на Судот.

Реферат У.бр.272/2020

Подносител: Аце Коцевски

Уставниот суд донесе одлука да се укине Одлуката за продолжување на функционирањето на објектите од времен карактер на територијата на Општина Велес, во кои се врши трговска или друга услужна дејност, до обезбедување на соодветни услови за работа, бр.25-2752/18 („Службен гласник на Општина Велес“ бр.11/2020), донесена од Советот на Општина Велес на 29 јули 2020 година.

Повеќе информации за наводите од денешните иницијативи може да прочитате на следниот линк: http://ustavensud.mk/?p=21609