Соопштение

Соопштение по одржаната XXXII-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXXII-та седница (денeс, 24 ноември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 192 ставови 3, 4 и 5 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015, 193/2015 и 71/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019 и 14/2020) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 192 ставови 1 и 2 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015, 193/2015 и 71/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/2019 и 14/2020);

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Урбанистички план вон населено место Ски центар Водно–Блок 3, Општина Карпош, бр. 08-1483/4 од 20.02.2015 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2015);

Расправата по предметите У.бр.78/2021 и У.бр.316/2020 се одложи за една од наредните седници.

Во предметот У.бр.30/2021 не се донесе одлука од причини што предлогот не го доби потребното мнозинство.