Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 33-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 01.12.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 379 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 4/2002, 5/2003, 54/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013).
Реферат У.бр.48/2021

Подносител: Ивана Талевска – Трендафилова – адвокат од Скопје

2. Член 4 став 5 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ бр.61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/2021).
Реферат У.бр.52/2021

Подносители: Борис Темоски МАРКОВИ КУЛИ ДООЕЛ Прилеп и други, застапувани од Антонио Стојаноски, адвокат од Прилеп.

3. Член 40 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/2019), во делот „или наплата на противврдноста на одземените предмети“ .
Реферат У.бр.69/2021

Подносител: Игорчо Точев од Кочани.

4. Одлука бр.08-566/1 од 05.03.2020 година за усвојување на конечниот Предлог ДУП-Урбана Единица „В“ – Блок 23, за плански период 2016-2021 донесена од Советот на Општина Гостивар на 23-та седница одржана на 05.03.2020 година („Службен гласник на Општина Гостивар“ бр.3/2020).
Реферат У.бр.13/2021

Подносители: Бесник Синани и Агрон Синани, двајцата од Гостивар, застапувани од Дијана Мијовиќ, адвокат од Скопје.

5. Член 26 ставови 1 и 2 од Статутот на Здружението на граѓани „Глобал шопинг Мол“ од Струмица донесен на 09.02. 2021 година од Основачкото собрание на Здружението.
Реферат У.бр.81/2021

Подносител: Костаке Глигоров од Струмица.

 

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.52/2019

Подносители: Владимир Милошески од Гостивар, Гоце Сиљаноски од Заград, Адеми Феим од Симница, Билбилоски Игор од Гостивар и Камбери Идриз од Здуње.