Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 31-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 17.11.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 44 став 2 во делот „најдоцна до 65 годишна возраст“ од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021).
Реферат У.бр.27/2020 и У.бр.289/2020

Подносители: Александар Долгоски од Прилеп и Институтот за човекови права- Скопје, преку Игор Спировски, адвокат од Скопје

2. – Член 6 ставoви 3 и 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.158/2010), односно член 9 ставови 3 и 4 од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр. бр.63/2000, 29/2002, 49/2003, 66/2003, 81/2008,158/2010, 43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016, 83/2018);
– Член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019).
Реферат У.бр.312/2020 и У.бр.318/2020

Подносители: Александар Ристески од Скопје и Ванчо Марковски од Јегуновце

3. Член 23 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/2002, 60/2006, 29/2007, 106/2008, 135/2011, 113/2012 и 148/2015).
Реферат У.бр.75/2021

Подносител: Санде Пејоски од Охрид.

4. – Член 1, член 3 ставови 1 и 2, член 5 став 2 алинеи 6 и 7 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2015, 192/2015, 231/2015 и 163/2018),
– член 45 став 1 алинеи 6 и 8, став 2 и член 46 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/2019),
– член 62 став 1 алинеја 8 од Законот за јавно обвинителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020).
Реферат У.бр.82/2021

Подносител: Рената Ѓеорѓиевска вработена во Основниот кривичен суд Скопје, Љубица Стојковска Перковска вработена во Управниот суд Скопје и др.

5. Делот II Биро за јавна безбедност, точка 2 алинеи 2 и 3 од Листата на работни места во Министерството за внатрешни работи за кои при распоредување на работниците не се спроведува транспарентна постапка, утврдена од министерот за внатрешни работи и претседателот на Македонски полициски синдикат, заверена во МВР под број 13.1-73918/1 од 30.07.2021 година и заверена од Македонски полициски синдикат под број 03-718/1 од 30.07.2021 година.
Реферат У.бр.105/2021

Подносител: Синдикат на полиција во Македонија, од Велес

6. Член 40 ставови 3, 4 и 6 од Законот за процена („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/2010, 158/2011, 185/2011, 64/2012, 188/2014, 153/2015, 192/2015 и 30/2016).
Реферат У.бр.93/2021

Подносител: Душан Димитров од Скопје.

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.41/2021

Подносител: Камер Имери од с. Горно Строгомиште, Кичево.