Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 30-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 10.11.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 5 став 1 алинеја 4 и член 36 став 1 алинеја 2 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018, 275/2019 и 14/2020)
Реферат У.бр.120/2018

Подносител: Мирослав Зафировски од Куманово.

2. – Член 28 став 6 точка 1. потточки 1., 4. и 6. и точката 3. од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија” број 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/ 2014, 150/2015, 37/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 257/2020) и
– членот 12 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија” број 263/2020 и 269/2020).
Реферат У.бр.305/2020

Подносител: Дарко Јаневски од Скопје

3. Член 10 став 1 точка 1 од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија” број 63/2000, 29/2002, 43/2002, 49/2003, 66/2003, 81/2008, 158/2010, 43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016 и 83/2018).
Реферат У.бр.70/2021

Подносители: Солунка Александрова Лука, Огнена Александрова Лука, Дамјана Александрова Лука и Самуил Александров Лука, сите од Скопје.

4. Член 2 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 151/2021), во целина, а посебно во делот: “а најдоцна до 30 јуни 2022 година”.
Реферат У.бр.89/2021, У.бр.90/2021 и У.бр.114/2021

Подносители: Офелија Христовска од Битола, Бојан Милчин од Скопје и други, и Дељо Кадиев од Скопје.

5. Решение УП.1 бр.11/44 од 16.05.2018 година, донесено од градоначалникот на општина Дојран, со кое се одобрува локална урбанистичка планска документација за дел К.П. бр.1073 и др. за К.О. Сретеново, општина Дојран, изработена од ДГПТУ „СТАН АРТ“ ДООЕЛ Куманово, со тех.бр.26.01.12/17 од април 2018 година, кој опфат опфаќа простор од 4309,00 m².
Реферат У.бр.21/2020

Подносител: Гордана Стоиловска, преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од Куманово.

6. Одредби од Програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје на ЈП Лајка Скопје за 2021 година, бр. 02-720/6 од 09.12.2020 година (усвоена на 61 седница на Советот на Град Скопје одржана на 22 декември 2020 година) во кои се содржат формулациите: „трајно згрижување во азил“ (точка 3 став 1) и „носи во азил за бездомни животни“ (точка 5.4 став 5).
Реферат У.бр.323/2020

Подносител: Драгана Велковска од Скопје.

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.5/2019

Подносител: Здружение за социјални иновациии одржлив развој „Радар“од Скопје, Данчо Несторовски од Скопје, Марија Торова од Штип, Дончо Георгиев од Штип и Слободан Рогач од Штип застапувани од Трајче Торов, адвокат од Штип.

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.219/2020 со нацрт-одлука