Соопштение

Соопштение по одржаната XXVIII-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXVIII-та седница (денeс, 27 октомври 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 66 во делот „Административни службеници“ Категорија БО2 Раководен II ниво“ од Колективниот договор за култура, склучен на 30.12.2019 година помеѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија, Синдикатот за култура на Република Северна Македонија и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/2020);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 16, 18 и 26 од Статутот на “Стопанска банка” АД-Скопје;

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на: Решението за престанок на работен однос со право на исполнување услови за старосна пензија бр. 04-5608/1 од 21.12.2020 година, донесено од министерот за одбрана; Потврдата за бенифициран работен стаж (12/15 месеци) бр.03-8/197 од 01.03.2021 година, издадена од Министерството за одбрана и Потврдата за вкупен пензиски стаж и стаж на осигурување бр.03.-8/196 од 01.03.2021 година, издадена од Министерството за одбрана;

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на глава 6, подглава „Дополнителни одредби за определување на висината на надоместокот“, став 11 од Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2019 година, бр.27- 11605/1/4 од 26 декември 2018 година („Службен гласник на Град Скопје“ бр.18/2018), донесена од Советот на Град Скопје на ден 27 декември 2018 година и

– ja отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи, бр. 12.1-72212/1 од 06.12.2012 година.

Расправата и одлучувањето по предметот У.бр.54/2020 се одложи за некоја од наредните седници на Судот.