Соопштение

Соопштение по одржаната XVII-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XVII-та седница (денeс, 30 јуни 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина и посебно оспорените член 66 и член 131 став 2 од истиот колективен договор, склучен на 30.12.2019 година помеѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија, Синдикатот за култура на Република Северна Македонија и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/2020);

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за донесување на Детален Урбанистички план за градска четврт „З 09“ (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул.Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Теодосиј Гологанов и бул. 8-ми Септември) Општина Карпош – Скопје („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2017) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија преземени врз основа на оспорената одлука;

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 54 ставови 5, 6 и 7 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 65/2019 и 162/2019); и

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Решението донесено од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија бр.05301491436 донесено на 24.09.2020 година и Решенијата на други 400 лица кои оствариле право на старосна пензија, врз основа на член 226-а став 4 алинеја 1 и член 220 од Законот за Служба во Армијата на Република Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 36/2010; 132/2010; 23/2011; 47/2011; 148/2011; 55/2012; 77/2012; 29/2014; 33/2015; 193/2015; 193/2015; 71/2016; 101/2019; 275/2019 и 14/2020);

Во предметите У.бр.42/2021, У.бр.30/2021 и У.бр.233/2020, Судот не донесе одлука, од причини што предлозите за одлучување во овие предмети не го добија потребното мнозинство.