Соопштение

Соопштение по одржаната XII-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XII-та седница (денeс, 5 мај 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 69 став 4 од Законот за управни спорови (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019);

– поведе постапка за оценување на уставноста на член 15 став 1 точка 1 во делот: „освен за конзуларните претставништва водени од почесни конзули” и ставот 7 од Законот за данок на моторни возила („Службен весник на Република Северна Македонија” број 261/2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 73 став 6 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија” број 106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 113/2018, 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 28/2021) и ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 73 ставови 7 и 8 од Законот, означен во точката 2 од предлогот;

– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за делегирање вршење на работи од јавен интерес бр.08-1396/11 од 30.12. 2019 година, донесена од Советот на Општина Крушево („Службен гласник на Општина Крушево“ бр.18 од 31.12.2019 година);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценка на уставноста на Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, бр.09-1422/1 од 15 јуни 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.159/2020), донесено од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија;

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 5 став 1, член 6 точка 1 алинеја 1, член 17 ставови 3 и 4, членот 51 и членот 52 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 19/2021) и ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на насловот, членот 10, член 29 став 4, член 30 став 6 и член 35 ставови 2 и 3 од Законот означен во точката 2 на овој предлог, како и да ја отфрли иницијативата за оцена на меѓусебната согласност на член 8 со член 35 став 1 од истиот закон и да ја отфрли иницијативата за оцена на согласноста на овој закон со други закони и со меѓународни акти;

– не поведе постапка за оценување на уставноста на делот: „и надоместот“ од член 31 став 14 од Законот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2000, 34/2000-испр. 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019); и

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на: Одлуката за преименување на Основното училиште „Никола Вапцаров“ во Основно училиште „Имри Елези“ бр.07-109/3 од 27 јануари 2012 год, Одлуката за преименување на Основното училиште „Јане Сандански“ во Основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ бр.07-109/5 од 27 јануари 2012 година, Одлуката за преименување на Основното училиште „Цветан Димов“ во Основно училиште „Хасан Приштина“ бр.17-109/6 од 27 јануари 2012 година, и Одлуката за преименување на Основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Основно училиште „Исмаиљ Ќемаљи“ бр.07-109/4 од 27 јануари 2012 година, сите донесени од Советот на општина Чаир и објавени во „Службен гласник на општина Чаир“ бр.1 од 1 февруари 2012 година.