Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 11.05.2021 година (вторник), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. „Прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за координација на политичките прашања на ресорите“ во насловот на Глава II, членовите 5 и 6 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/2001, 98/2002, 9/2003, 47/2003, 64/2003, 67/2003, 51/2006, 5/2007, 15/2007, 26/2007, 30/2007, 58/2007, 105/2007, 116/2007, 129/2007, 157/2007, 26/2007, 30/2007, 58/2007, 105/2007, 116/2007, 29/2007, 157/2007, 29/2008, 51/2008, 86/2008, 144/2008, 42/2009, 62/2009, 41/2009, 162/2009, 40/2010, 166/2010, 172/2010, 95/2011, 151/2011, 70/2011, 67/2013, 145/2014, 62/2015, 41/2016, 153/2016, 113/2017, 228/2019 и 72/2020).
Реферат У.бр.266/2020

2. Одлука на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев”, арх.бр.02-47/8 од 22.01.2020 година, во целина.
Реферат У.бр.303/2020

3. Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.19/2021), во целина.
Реферат У.бр.14/2021

4. Член 50-а од Законот за основно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/2019, 229/2020).
Реферат У.бр.315/2020

5. Членот 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018 и 245/2018).
Реферат У.бр.298/2020

6. -Член 2 став 1, член 11, член 15 став 2, член 19 став 3 и став 5, член 9 став 4 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија „Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2017) и
– Изјавата составен дел на Пријавата за запишување во регистарот на доктори на стоматологија (Прилог бр.2) од Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на издадени, продолжени, обновени и одземени лиценци за работа на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/2017).
Реферат У.бр.264/2020

7. – Член 10-а од Правилникот за полагање на приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.77/2015, 195/2015, 115/2019 и 193/2020), донесен од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, и
– член 42-а од Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.56/2015, 205/2018 и 115/2019), донесен од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Реферат У.бр.291/2020

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.283/2020