Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 12-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 05.05.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 69 став 4 од Законот за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019)
Реферат У.бр.4/2021

2. Член 15 став 1 точка 1 во делот: „освен за конзуларните претставништва водени од почесни конзули“ и ставот 7 од Законот за данокот на моторни возила („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 261/2019).
Реферат У.бр.219/2020

3. Член 73 ставови 6, 7 и 8 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр106/2007, 88/2010. 36/2011, 53/2011, 1361/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 113/2018, 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.28/2021).
Реферат У.бр.157/2019

4. Одлука за делегирање вршење на работи од јавен интерес број 08-1396/l1 од 30 декември 2019 година која е објавена во „Службен гласник на Општина Крушево” број XVIII од 31 декември 2019 година и потпишана од страна на Претседателот на Советот на Општина Крушево.
Реферат У.бр.5/2020

5. Решение за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, бр.09-2094/1 од 15 јуни 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020), донесено од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.211/2020

6. Насловот, член 5 став 1, член 6 став 1 точка 1 алинеја 1, членот 8, членот 10, член 17 ставови 3 и 4, член 29 став 4, член 30 став 6, член 35 ставови 1, 2 и 3, членот 51 и членот 52 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 19/2021).
Реферат У.бр.26/2021

7. Делот: „и надоместот“ од член 31 став 14 од Законот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2000, 34/2000-испр. 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019).
Реферат У.бр.285/2020

8. – Одлука за преименување на Основното училиште „Никола Вапцаров“ во Основно училиште „Имри Елези“ бр.07-109/3 од 27 јануари 2012 година,
– Одлука за преименување на Основното училиште „Јане Сандански“ во Основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ бр.07-109/5 од 27 јануари 2012 година,
– Одлука за преименување на Основното училиште „Цветан Димов“ во Основно училиште „Хасан Приштина“ бр.17-109/6 од 27 јануари 2012 година, и
– Одлука за преименување на Основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Основно училиште „Исмаиљ Кемаљи“ бр.07-109/4 од 27 јануари 2012 година, сите донесени од Советот на општина Чаир, објавени во „Службен гласник на општина Чаир“ бр.1 од 1 февруари 2012 година.
Реферат У.бр.35/2012