Соопштение

Соопштение по одржаната IX-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаното продолжение на IX-та седница (денeс, 21 април 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 72 став 3, во делот: „ценејќи ја законитоста на постапката“ и став 4, во делот: „во случај на груба повреда од одредбите за постапката“, од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019); и да ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015,197/2017 и 83/2018);

– поведе постапка за оценување на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), при што предлогот за донесување на решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбата за која се одлучи да се поведе постапка, не беше усвоен;

– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 46 ставови 4 и 5 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018) и членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 233/2018);

– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 31 став 3 од Законот за просветната инспекција („Службен весник на Република Македонија” број 52/2005, 81/2008, 148/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 145/2015, 30/2016 и 64/2018);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за правосуден испит („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/2020);

– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 17 став 2 од Правилникот за почетна обука (Службен весник на Република Македонија” број 19/2017, 88/2017, 11/2018, 34/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 193/2020); и

– го укине член 96 став 3 точка 2 од Законот за комплементарна и алтернативна медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2015, 39/2016 и 83/2018).

Во предметот У.бр.171/2020, Уставниот суд одлучи да одржи јавна расправа.