Соопштение

Соопштение по одржаната VII-ма седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VII-ма седница (денeс, 3 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 13, во делот: “на маж и жена” и член 100-а став 5 алинеја 7 од Законот за семејството (“Службен весник на Република Македонија” бр. 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/2010, 156/2010, 39/2012, 44/2012, 38/2014, 115/2014, 104/2015 и 150/2015);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 44 став 4 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020 и 311/2020);

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија во предметот У.бр.171/2020.

– ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбани­стички планови, бр.08-1859/2 од 27.03.2019 година, донесена од Советот на Општина Центар („Службен гласник на Општина Центар“ бр.6/2019 од 28.03. 2019 година) и го стави вон сила Решението за запирање на извршу­вањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука.

Расправата по предметите У.бр.233/2020 и У.бр.171/2020 се одложи за втората наредна седница на Судот.