Соопштение

Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г.Сали Мурати, денес оствари работна средба со Н.Е. Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.

Во пријателска и срдечна атмосфера, на амбасадорот Баздникин му беше презентирана уставната положба на Уставниот суд, неговите надлежности, но и предизвиците со кои се соочува Судот во нивното остварување.

На оваа средба, стана збор и за текот на подготовките на Десеттиот јубилеен Меѓународен петербуршки правен форум што треба да се одржи од од 18 до 22 мај оваа година во Санкт Петербург.

Претседателот на Судот, Мурати има покана за учество на овој форум од министерот за правда на Руската Федерација, г. Констатин Чујченко, а која му беше врачена на средбата со амбасадорот Баздникин во септември минатата година.

Од страна на претседателот на Уставниот суд, г. Сали Мурати беше повторено задоволството од можноста делегација на Судот да биде дел од оваа светска манифестација.